Во Брисел средба Карзаи - Кери

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи допатува во Брисел, каде што денеска ќе се сретне со американскиот државен секретар Џон Кери и со високи пакистански претставници, со кои ќе разговара за несигурниот мировен процес во Авганистан.
Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен синоќа го прими Карзаи во седиштето на Алијансата во Брисел, при што ветил дека НАТО ќе биде на страната на Авганистан и по 2014 година, кога најголемиот дел од меѓународните борбени сили ќе ја напуштат земјата.
Денешниот состанок доаѓа во период на растечки тензии меѓу Авганистан и Пакистан околу граничните спорови и неуспешниот процес на помирување.