Бомба во близина на домот на Мушараф

Первез Мушараф

Пакистанската полиција соопшти дека пронашла бомба во близина на домот на поранешниот лидер на земјата Первез Мушараф. Началникот на полицијата во Исламабад Бани Амин изјави дека бомбата била пронајдена во возило паркирано на 150 метри одалеченост влезот на куќата на Мушараф, која се наоѓа на перфиеријата на градот. Мушараф се наоѓа во куќен притвор од 12 април.