НАТО и Русија со мал прогрес за ракетната одбрана

Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен

Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен изјави денеска дека на последниот состанок на Алијансата и Рускиот совет бил одржан активен дијалог, но дека не бил постигнат значаен напредок на клучното прашање за ракетната одбрана. Министрите за надворешни работи на НАТО остварија средба денеска во Брисел, на која присуствуваше и рускиот шеф на дипломатија Сергеј Лавров.
Тие разговараа и за ситуацијата во Сирија, при што Расмусен изјави дека Алијансата е посветена на заштитата на сите земји-членки, вклучувајќи ја и Турција.