Индија бара Кина да ја повлече војската од нејзина територија

Индиските власти побараа од Кина да повлече дел од воени трупи за кои земјата тврди дека се сместени во камп на нивна територија. Индиското министерство за надворешни работи соопшти дека еден вод на кинески војници од 15 април се наоѓа во регионот Ладах во близина на границата меѓу двете земји. Кина негираше дека има распоредено војници на индиска територија.