Јанкулоска на министерска конференција во Варшава

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска и утре во Варшава, Полска, ќе учествува на министерската конференција на земјите членки на Салцбург Форумот на која ќе се расправа за повеќе безбедносни теми од регионот на Југоисточна Европа. Министрите за внатрешни работи на Чешка, Словачка, Унгарија, Хрватска, Словенија, Австрија, Полска, Македонија, Романија, Бугарија, Србија, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Молдавија ќе дискутираат за новите технологии како инструменти во поефикасното менаџирање на граничната безбезбедност во контекст на новите предизвици, како и за перспективите за натамошно продлабочување на соработката во рамки на оваа асоцијација.
Ќе стане збор и за нелегалната трговијата со оружје, зајакнувањето на регионалната соработка во областа на трговијата со супстанци за производство на дрога, цивилната заштита и системи за спасување, а ќе бидат презентирани и насоки и приоритетит на Салцбург Форумот за време на романското претседателствување со истиот.
МВР соопшти дека предвидено е Јанкулоска утре попладне да има обраќање на собирот во рамки на темата за илегалната трговија со оружје.