Авганистан-преговори за ослободување на заложниците

Авганистанските власти соопштија дека во тек се преговорите со талибанците за ослободување на група претежно турски заложници. Тие беа заробени откако хеликоптерот во кој патуваа мораше поради временските неприлики принудно да слета во покраината Логар. Талибанците заробија осум труски инжињери, еден Авганистанец и двајца пилоти од Русија и Киргистан.