Франција - се очекува легализација на хомосексуалните бракови

Париз

Францускиот Парламент денска ќе гласа закон со кој се дозволува легализација на хомосексуалните бракови. Пратениците го одобриja првото читање на предложениот закон во февруари и сличен резултат се очекува и денеска. Со овој закон им се овозможува на хомосексуалците и лезбејките право да посвојуваат деца, што предизвика поделби во Франција каде имаше собири за подршка и протести за и против. Ако законот биде донесен, Франција ќе стане 14 та земја во која истополовите бракови се легализирани. Законот е подржан и од претседателот Франсоа Холанд кој ќе треба да го потпише.