Попоски во Брисел на состанок на НАТО за ИСАФ

Министерот за надворешни работи Никола Попоски

Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска во Брисел ќе присуствува на состанок на Северно-атлантскиот совет на НАТО со земјите-контрибутори во ИСАФ-мисијата во Авганистан.
На состанокот ќе се расправа за прогресот на ИСАФ, како и правните основи за учество во новата мисија по 2014 година.
Министерот Попоски ќе има билатерални средби со министерот за надворешни работи на Нов Зеланд, Мареј МекКали и со британскиот министер за Европа, Дејвид Лидингтон. Со кои ќе разговара за перспективите за евро-атлантската интеграција на Република Македонија.