Обид за подобрување на односите меѓу Кабул и Исламабад

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи денеска ќе се сретне со американскиот државен секретар Џон Кери и со високи пакистански официјални претставници за да дискутираат за проблемите во авганистанскиот мировен процес. Портпаролот на Карзаи, Аимал Фаизи изјави дека е договорено состанокот да ги подобри односите меѓу Кабул и Исламабад. Тензиите меѓу двете соседни земји се влошија неодамна поради граничните спорови и неуспехот на процесот на помирување. Фаизи изјави дека Пакистан не успеа да ги исполни своите ветувања во врска со процесот на помирување, додавајќи дека Авганистанците го губат трпението со Исламабад.
"Нашата порака до Пакистан е „доволно е доволно“. Овојпат ќе му кажеме на Пакистан дека народот го губи трпението и не можеме да чекаме тој да ги испорача авганистанските мировни ветувања“, изјави владиниот портпарол.