Српскиот парламент во петок ќе расправа за договорот со Косово

Претседателот на српскиот Парламент Небојша Стефановиќ

Претседателот на српскиот Парламент Небојша Стефановиќ изјави денеска дека седницата, на која ќе се разгледа договорот меѓу Белград и Приштина, ќе се одржи на 26 април, јави Танјуг. По консултации со претседателите на парламентарните групи Стефановиќ рече дека очекува српската Влада утре да го претстави во Парламентот извештајот за преговорите во Брисел, што ќе го содржи и постигнатиот договор. Српската влада денеска го одобри договорот за нормализирање на односите со Косово.