Хејгл го финализира договорот за оружје со Израел

Американскиот секретар за одбрана Чак Хејгл

Американскиот секретар за одбрана Чак Хејгл изјави денеска дека планираниот мултимилијардерски договор за оружје ќе му помогне на Израел да ја задржи воената супериорност во регионот.
Хејгл за време на посетата на Изрел се сретна со министерот за одбрана Моше Јалон за да ги финализираат деталите за договорот, според кој, САД ќе и обезбедат на земјата напредни проектили и авиони.