Талибанците заробиле 11 странци во Авганистан

Талибанците соопштија дека ги заробиле сите лица кои се возеле во хеликоптерот кој принудно слета поради лошото време на неколку километри од границата со Пакистан. Турските и руските власти соопштија дека во хеликоптерот имало осум турски инжињери и најмалку еден руски пилот.
Но, според талибанците, хеликоптерот бил во сопственост на НАТО и во него се превезувале 11 американски припадници на безбедносните сили.