Лустрирани тројца поранешни носители на јавни функции

Комисијата за верификација на фактите на денешната седница прогласи две лица за соработници и наредбодатели и едно лице за соработник на поранешните тајни служби. Сите тројца се поранешни носители на јавни функции.
Портпаролот на Комисијата Предраг Димитрoвски изјави денеска дека едното лице било републички делегат во Собранието, а второто лице работело во МВР и било декан и на Факултетот за безбедност. Според него, лицето што е само соработник бил републички делегат во општествено-политичкиот собор, а извесен период и потпретседател на кичевското собрание.