Вељаноски-евроинтеграцијата на Македонија да оди напред

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски изјави денеска дека евроинтегративниот процес на Македонија мора да се придвижи напред, да се направи неопходниот исчекор и конечно да почнат преговорите за членство во ЕУ. Тој во денешното обраќање на Конференцијата на претседатели на парламенти од земјите на Европската унија што се одржува во Кипар предупреди дека постојаното одложување на почетокот на преговорите со ЕУ може да ја намали поддршката на македонските граѓани.
Според него, дополнителните отповарувања и неизбалансираните притисоци може само да го намалат ентузијазмот и подготвеноста за реформи.