Пакистан-владата го одложи обвинението против Мушараф

Первез Мушараф

Пакистанската привремена влада нема да продолжи со обвиненијата за предавство против поранешниот лидер Первез Мушараф. Според соопштението, за обвинението треба да одлучи новата влада која ќе биде избрана на парламентарните избори на 11 мај.
Мушараф, кој владееше во земјата од 1999 до 2008 година се врати во Пакистан по четитри години поминати во егзил.