ЕУ делумно ќе го укине ембаргото за нафта на Сирија

Германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле

ЕУ се очекува делумно да го укине ембаргото за нафта на Сирија со цел да им обезбеди дополнителна помош на бунтовниците кои се борат против режимот на претседателот Башар ал Асад.Министрите за надворешни работи на ЕУ ќе разговараат за предлогот на денешната средба во Луксембург.
Германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле изјави дека целта на предлогот е да се зајакне економската помош на опозицијата во Сирија.