Владите на Србија и на Косово ја одобрија спогодбата

Српската влада на денешната седница ја одобри спогодбата за нормализација на односите меѓу Косово и Србија што беше постигната во петокот во Брисел со посредство на Европската унија. Српскиот парламент за спогодбата ќе расправа во текот на неделава, а според најавите за неа ќе биде распишан и референдум. Денеска и владата на Косово ја одобри спогодбата која во Брисел беше парафирана од премиерите Ивица Дачиќ и Хашим Тачи. Претходно, Собранието на Косово со големо мнозинство ја усвои резолуцијата со која се изразува поддршка на спогодбата. За поддршка на спогодбата гласале 85, а против биле седум пратеници, главно од партијата Самопределување кои бараа прекинување на седницата. Во Митровица за денеска е најавен митинг под мотото „Северот на Косово останува во Србија“, како отфрлање на спогодбата меѓу Белград и Приштина.