Вељаноски на Конференција во Кипар

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски.

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски денеска и утре ќе учествува на Конференција на претседатели на парламенти од земјите на Европската унија, што се одржува во главниот град на Кипар, Никозија. На дводневната Конференција ќе учествуваат 42 претседатели и потпретседатели на парламенти, како и претседателот и потпретседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц и Мигуел Ангел Мартинез. Во рамки на Конференцијата, Вељаноски ќе оствари и билатерални средби со своите колеги, претседатели на парламенти на држави-членки на ЕУ.