Офанзива на сириските владини сили во околината на Дамаск

Архивска фотографија.

Десетици цивили се убиени во владината офанзива во близина на главниот град Дамаск, соопштуваат сириски активисти. Според различни извори, бројот на жртвите варира од 80 до 250 луѓе. Државната новинска агенција Сана, пак, објави дека армијата „им нанесе големи загуби на терористите“. Во меѓувреме, Јордан најави дека ќе побара од Советот за безбедност на ОН да одговори на сириската бегалска криза. Јордан соопшти дека од март 2011 година во земјата влегле околу 500 илјади сириски бегалци. Во петокот избија судири во најголемиот бегалски камп за сириски бегалци во Јордан при што беа повредени 10 полицајци и десетици бегалци.