Прв маратон на Западниот Брег

Архивска фотографија: Витлеем.

На Западниот Брег вчера прв пат се одржа маратон на кој учествуваа 650 натпреварувачи. Првиот меѓународно признаен маратон во Палестина започна од Црквата на Христовото раѓање во Витлеем и водеше низ стрмните улици во родното место на Исус. Најголем број од учесниците беа Палестинци, а околу една третина од учесниците беа странци кои доаѓаа од 28 земји од целиот свет, соопшти организаторот „Право на движење“ од Данска. Повеќе од 37 отсто од учесниците на маратонот беа жени, нагласија организаторите. Претходно оваа година, маратонот во организација на ОН беше откажан поради Хамас, откако радикалното исламистичко движење одби да им овозможи на жените да учествуваат на маратонот.