Бомбашки напад во Авганистан, три жртви

Авганистанските власти соопштија дека три цивили загинале, а седум биле повредени во самоубиствен бомбашки напад во покраината Пактика на границата со Авганистан.
Според нив, меѓу загинатите е и поранешниот градоначалник на покраината Есанулах Садат, на кој мандатот му заврши пред две години. Повредени се и неколку полицајци.