ДИК-одѕивот до 10 часот 10,89 отсто

Државната изборна комисија соопшти денеска дека вкупниот одѕив на гласање до 10 часот на 78 избирачки места во четири општини каде што денеска се прегласува вториот круг локални избори е 10,89 отсто.Во општина Центар на гласање излегле 10,14, во Струга 7,09, во Долнени 13,35 и во Ѓорче Петров 9,55 отсто
.Во Долнени на 39 избирачки места може да гласаат 10.521 лице, во Центар се гласа на 29 места од вкупно 66, и право на глас имаат 22.939 гласачи, во Струга на девет избирачки места со 7.885 граѓани и на едно избирачко место во општина Ѓорче Петров со 1.320 гласачи.