Штрајк на израелските авиокомпании

Работниците во три израелски авиокомпании штрајкуваат против договорот со ЕУ, кој според нив, ќе ја зголеми конкуренцијата. Според договорот европските превозници ќе можат да летаат директно до Израел секаде од светот и да ја користат земјата како централа.
Договорот кој денеска треба да биде ратификуван од премиерот Бенјамин Нетанјаху исто така ќе им дозволи на израелските авиокомпании да имаат директни летови со сите аеродроми во ЕУ. Вработените протестираат бидејќи поради повисоките безбедносни трошоци нема да може да се натпреваруваат со европските.