Помош за погодените места од земјотресот во Кина

Спасувачките тимови се борат да однесат залихи во руралните средини во кинеската покраина Сичуан по земјотресот во кој загинаа 179 лица,а околу 6700 беа повредени. Земјотресот предизвика лизгање на земјиштето и беа прекинати комуникациите. Најпогодени беа селата во долината каде фармерите одгледуваат ориз, зеленчук и пченка.