Во Сочи средба меѓу Путин и Морси

Рускиот претседател Владимир Путин денеска во Сочи се сретна со шефот на египетската држава Мухамад Морси. Притоа станало збор за трговската сорботка меѓу двете земји која постојано се зголемува и достигнала скоро 3 ипол милијарди долари годишно. Ова е прва посета на исламситичкиот египестки претседател на Русија откако тој ја презеде функцијата во јуни лани.