Резолуција на ЕП за непочитувањето на човековите права во Казахстан

Европскиот парламент усвои резолуција во која остро го критикува Казахстан за непочитување на политичките религиозните и медиумските слободи. Во резолуцијата се искажува загриженост од судските одлуки во Казахстан со кои се забрануваат некои опозициони партии, а некои нивни лидери се ставени во затвор, како и новинари и адвокати, на судски процеси кои не биле според меѓународни стандарди.