Голема полициска акција во близина на Бостон

Најмалку едно лице било уапсено во големата полициска акција во близина на Бостон, откако беше убиен еден полицаец во кампусот на Институтот за технологија Масачусетс, јавија американските медиуми. Сведоци изјавиле дека имало престрелка, а се слушнале и експлозии. Сеуште не е познато дали оваа полициска акција има врска со убиството на полицаецот во Универзитетот или пак со бомбашкиот напад за време на маратонот во Бостон.