Голема полициска операција во Бостон

Еден полицаец бил убиен во Технолошки институт на Масачусетс во Кембриџ кој е блиску центарот на Бостон. Во тек била потрага по лицето кое пукало врз полицаецот. Според некои медиуми, полицијата привела еден оеомничен. Институтот за технологија се наоѓа на три километри од центарот на Бостон, каде што во понеделникот во две подметнати експлозии на линијата на целата на традиционалната маратонска трка загинаа три лица, а повеќе од 170 беа ранети. Бостонската полиција вчера објави слики на двајца осомничени за бомбашкиот напад.