Експлозијата во Тексас - „вистинско кошмарно сценарио“

Гувернерот на американската сојузна држава Тексас Рик Пери, оцени дека експлозијата во фабрика за ѓубриво во неговата држава е „вистинско кошмарно сценарио“. Полицијата соопшти дека стравува оти во експлозијата во населбата Вест во близина на градот Вако загинале 15 луѓе, а повеќе од 160 се повредени. Пери рече дека информациите за жртвите сè уште се прелиминарни. Сè уште не се знае причината за експлозијата што се случи ноќта меѓу средата и четвртокот, но полицијата соопшти дека првичните информации велат дека се работи за индустриска несреќа.