Македонија на 73 место според индексот на демократија

Македонија е на 73 место од 165 земји, според индексот на демократија за 2012 година на лондонски „Економист“. Од регионот Србија е рангирана на 66, Бугарија на 54, Хрватска на 50, Грција на 33, Словенија на 28, Црна Гора на 76, Албанија на 90 и Босна и Херцеговина на 98 место. Највисоко рангирани се скандинавските земји, а најнедемократска држава е Северна Кореја.
Македонија од можни десет поени има вкупен резултат 6,16. За изборниот процес и плурализмот 7,75, за функционирањето на Владата 4,64, за политичката партиципација 6,11, за политичката култура 4,38. Највисока оценка Македонија доби за граѓанските слободи - 7,94.