Ахмадинеџад ќе има обраќање на стадион во Техеран

Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад

Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад се очекува да има обраќање на стадион во Техеран кој собира 100 илјади посетители. Неговиот кабинет соопшти дека настанот е со цел Ахмадинеџад да се заблагодари на организацијата која ги подготви културните активности за време на одбележувањето на иранската нова година.
Критичарите на Ахамдинеџад соопштија дека тој ќе ја искористи приликата за да го промовира неговиот близок сојузник за кандидат на претседателските избори на 14 јуни Рахим Машаи.