Ештон-БиХ не остварила никаков напредок

Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон

Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон изјави денеска дека во БиХ не е остварен никаков напредок од нејзината последна посета на земјата пред шест месеци. Таа изрази жалење поради тоа што политичките партии не го преточиле декларираното определување во конкретно дејствување и што наместо тоа се фокусирале на партиските и етничките интереси.
Ештон притоа порача дека верува во европската иднина на БиХ, бидејќи тоа е нешто што граѓаните го сакаат и заслужуваат.