ЕП ги усвои резолуциите за Србија, Косово, Црна Гора и Хрватска

Европратениците денеска ги усвоија резолуциите за напредокот на Хрватска, Србија, Црна Гора и Косово, при што ги поддржаа идните проширувања на ЕУ. Според нив, Хрватска е подготвена да и се приклучи на Унијата во јули и ги повикаа Данска и Германија да го ратификуваат нејзиното членство.
Во однос на Србија ЕП подвлекува дека преговорите за членство треба да започнат во јуни 2013 година, под услов да се задржат утврдените реформи од страна на српските власти.
За Црна Гора се подвлекува дека е постигнат солиден напредок на патот кон зачленувањето во ЕУ, како и улогата која ја има оваа земја во стабилноста на регионот.
За Косово европратениците побараа забрзување на реформите што ќе дозволи можност за склучување на договор за стабилизација и стабилизација. Извештајот за напредокот на Македонија ќе биде разгледан на мајската сесија на ЕП.