Најмалку 15 жртви и 160 повредени во експлозијата во Тексас

Експлозијата во фабриката за ѓубрива во Тексас

Властите од Тексас соопштија дека најмалку 15 лица загинале, а над 160 се повредени во експлозија во фабрика за ѓубрива во близина на градот Вако. Се уште не се знае причината за експлозијата. Градоначалникот Томи Муска изјави дека најмалку 50 куќи биле уништени.