Обама: Срамен ден за Вашингтон

Американскиот претседател Барак Обама упати критики до американскит сенатори кои го блокираа донесувањето на законот со кој би се извршувале проверки на заинтересираните купувачи на оружје. Претседателот изјави дека поминал многу срамен ден во Вашингтон откако во средата во Сенатот предлог законот не беше усвоен, бидејки не ги доби потребните 60 гласа за. Обама ги прозва лобистите на индустријата за оружје, тврдејки дека лажеле во својата кампања против предлог – легислативата.