САД не ги признаваат изборните резултати во Венецуела

Николас Мадуро

Американскот државен секретар Џон Кери изјави дека Соединетите американски држави не го признаваат Николас Мадуро за нов претседател на Венецуела. Кери пред американските пратеници рече дека администрацијата на претседателот Обама подржува повторно пребројување на гласовите од изборите во земјата. Кандидатот на венецуелската опозиција Енрике Каприлес обвини на изборни нерегуларности.