Уапсен осомничен испраќач на отровни писма

зрната од кои се произведува рицин

ФБИ уапси осомничен испраќач на отровни писма до претседателот Барак Обама и американски сенатор во средата во Мисисипи. Осомничениот е 45 годишен жител на градот Коринт. Писмата, кои тестирале позитивни за рицин, биле со испраќачка адреса од Мемфис. Пратките биле повлечени по безбедносните проверки и не пристигнале до претседателот и сенаторот.