Писмото до Обама содржело отровна материја

Американскиот претседател Барак Обама

ФБИ соопшти дека прелиминарната истрага покажала дека писмото кое било адресирано до претседателот Барак Обама содржело отровна материја рицин. Писмото било откриено во објектот кој се користи за прегледување на поштата наменета за Белата куќа.
Портпаролот на тајната служба Едвин Донован изјави дека работат на истрагата на откривање на потеклото на писмото. Полицијата соопшти дека делови од две згради на Сенатот биле евакурани поради пронаоѓањето на сомнителни пакети.