Радован Караџиќ негира геноцид во БиХ

Поранешниот претседател на Република Српска Радован Караџиќ

Поранешниот претседател на Република Српска Радован Караџиќ денеска ги отфрли обвиненијата на Хашкиот трибунал дека извршил геноцид во Босна и Херцеговина. Тој изјави дека не сака да тврди деке не е виновен, туку дека никој не е виновен, бидејќи немало геноцид. Караџиќ наведе дека Обвинителството нема доказ дека имал геноцидни намери или намера за кое било злосторство во периодот од мај до декември 1992 година.
За говорот одржан на 15 октомври 1991 година во Собранието на БиХ, што денеска беше емитуван во судницата Караџиќ изјави дека бил „децидно антивоен говор“. Според него, во говорот тој не ги наговорил муслиманите да одат во војна, туку ги разубедувал да не одат во војна.