Цивил-одолговлекување на изборите со проблематични одлуки

Втор круг гласање на Локални избори 2013

Невладината Цивил денеска соопшти дека изборниот процес во Македонија и натаму го карактеризираат сериозни институционални недостатоци, кои се последица на партиско-политички притисоци. Работата на најрелевантните институции во изборниот циклус, Државната изборна комија и Управниот суд е со дискутабилен квалитет. Одлуките во двете институции се очигледно засновани на партиски и/или етнички интереси и го занемаруваат владеењето на правото.
Според нив, ако се земат предвид сите нерегуларности и притисоци кои биле забележани од нивните набљудувачи, одолговлекувањето на изборите со проблематични одлуки од надлежните институции, само ја потврдува нивната оценка дека локалните избори 2013 не можат да се оквалификуваат како слободни и ненасилни. Сето тоа, според невладината директно им го ограничило на голем број граѓани правото слободно да ја изразат својата волја.