ЗНМ очекува поголема отвореност за законот за медиуми

Здружението на новинарите на Македонија, Македонскиот институт за медиуми и Центарот за развој на медиуми денеска оценија дека министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски направил добар чекор со најавата за продолжување на јавната дебата за законот за медиуми.

Според соопштението на ЗНМ, тие ќе направат се што е во нивна моќ на конструктивен начин да го коментираат предложениот текст. Го повикаа министерството на поголема отвореност и еднаков третман на сите актери во заедницата, со можност сите забелешки да се вкрстат на јавна сцена.
Во соопштението е наведено дека очекуваат од владата сериозно да ги разгледа забелешките.