Силен земјотрес на Папуа Нова Гвинеја

Земјотрес со сила од 6,8 степени според Рихтеровата скала изутрината го погоди северниот брег на Папуа Нова Гвинеја. Засега нема податоци за поголеми штети или за повредени, а не била издадена ни тревога за цунами. Епицентарот на потресот кој не бил многу длабок под површината на земјата се наоѓал на 20 километри од градчето Аитапе.