ФБИ: експлозиите во Бостон најверојатно од „експрес-лонец“ бомби

ФБИ соопшти дека засега никој не ја презел одговорноста за бомбашките напади во Бостон. Истрагата верува дека експлозиите биле предизвикани од метални уреди таканаречени „експрес- лонци“ полни со челични плочки и клинци, кои биле пренесени во црни вреќи или ранци.
Во двете експлозии, во понеделникот загинаа најмалку три лица, а над 170 беа повредени.
Агентот на ФБИ Рик Делориер изјави дека учесниците во истрагата испитуваат предмети најдени на местата на двете експлозии, вклучувајќи и парчиња од црн најлон, кои можеби се од вреќите во кои биле скриени бомбите.
Претседателот на САД Барак Обама изјави дека бомбашките напади ќе бидат истражувани како терористички акт. Белата Куќа соопшти дека Обама ќе го посети Бостон најверојатно утре.