Во насилствата во Венецуела загинале 7 лица

Венецуелскиот јавен обвинител соопшти дека најмалку 7 лица загинале во насилствата во земјата по спорните претседателски избори. Тој не откри повеќе детали за смртните случаи, ниту како се случиле тие.
Насилните протести еруптираа во понеделникот во Каракас и во други градови, откако Николас Мадуро беше прогласен за победник на изборите од неделата. Кандидатот на опозицијата Енрике Каприлес одби да го признае поразот и побара пребројување на гласовите.
Мадуро вчера ја обвини опозицијата дека планира државен удар против неговата влада.
И опозицијата и владата повикаа на натамошни демонстрации.