САД: писмо со отровна материја испратено до сенатор

Сенаторот Роџер Викер

Американски официјални лица соопштија дека писмо кое содржело отровна материја, било испратено до канцеларијата на сенаторот Роџер Викер, републиканец од Мисисипи. Писмото било испратено од Мемфис, во сојузната држава Тенеси. Не се регистрирани повреди како последица на пратката. Според официјални претставници, присуството на отровната материја било утврдено при прегледот на поштата во објект надвор од Сенатот.
Поштата во Конгресот се проверува откако во 2001-та, по нападите на 11 септември, до неколку конгресмени беа испратени писма кои содржеа антракс.