Груевски и Ештон го поздравија извештајот за Македонија

Премиерот Никола Груевски и Високиот претставник на Европската унија за надворешна и безбедносна политика Кетрин Ештон

Премиерот Никола Груевски и Високиот претставник на Европската унија за надворешна и безбедносна политика Кетрин Ештон на денешната средба во Скопје го поздравија Пролетниот извештај за Македонија. Во соопштението на владата е наведено дека двајцата соговорници истакнале позитивна оценка за поентите од извештајот афирмирајќи дека дава основи за напредок на земјата.
На средбата констатирано е дека Пристапниот дијалог на високо ниво кој Македонија го води со ЕУ е од големо значење за земјата, покажал резултати и помогнал за имплементација на реформите за достигнување на европските стандарди. Груевски ја истакнал посветеноста за негување на добрососедските односи и за изнаоѓање заемно прифатливо решение за спорот со името со Грција.