Управниот суд ги разгледува приговорите од СДСМ

Втор круг гласање на Локални избори 2013

Управниот суд се уште ги разгледува приговорите поднесени од СДСМ за вториот круг од Локалните избори на избирачки места во 15 општини. Рокот за одлучување по овие приговори завршува вечер во 21:30 часот.
СДСМ поднесе 60 приговори за гласање во 15 општини, но најголем дел од забелешките се однесуваат на општините Скопје, Бутел, Берово, Карбинци, Велес и Ѓорче Петров.