Серија бомбашки напади во Ирак, 7 жртви

Ирачката полиција соопшти денеска дека во серија на бомбашки напади загинале најмалку 7 лица, а околу 20 биле повредени. Најмалку четири лица загинале при експлозија на автомобил бомба, а еден војник загинал во бомба поставена покрај пат.
Во два оделни инциденти на северниот дел на Багдад биле убиени две лица. Во текот на вчерашните смртоносни напади низ земјата загинаа околу 50 лица, а беа повредени 300.