Барање за забрана на грчката партија Златна Зора

Комесарот за човекови права на Советот за Европа, Нилс Муизниекс изјави дека Грција треба да ја разгледа можноста за забрана на партијата Златна зора, која има 18 мандати во грчки Парламент. Тој ја повика Владата во Атина да преземе дополителни мерки за сречување на насилството, предизвикано од расизам. Во извештајот Муизниекс наведува дека е сериозно загрижен за криминалните активности кои се насочени против имигрантите во Грција.
Во извештајот Златна зора е опишана како „неонацистичка и насилна политичка партија“, која треба да биде изолирана согласно легалните обврски од конвенцијата за човекови права, која ја потпиша и Грција.