Пакистанскиот суд ја отфрли кандидатурата на Мушараф

Первез Мушараф

Пакистанскиот суд му забрани на поранешниот воен лидер Первез Мушараф да се кандидира на изборите на 11 мај. Судот донесе одлука во корист на тужбата против номинацијата на Мушараф во изборната единица во покраината Пактунква. Неговиот адвокат соопшти дека ќе поднесе жалба за одлуката до Врховниот суд. Претходно други три изборни единици ја отфрлија канидатурата на Мушараф.